Дури и едно шише пиво ја прави индивидуата попривлечна за комарците, вели студија на магазинот „Смитсонијан“. Според научниците тоа веројатно се должи на зголемувањето на количеството на етанол, кој се лачи преку потта, но не се исфрла ни варијантата дека ги привлекува и зголемената телесна температура која се зголемува при конзумирањето на алкохол.
Луѓето со крвна група 0, се два пати повеќе нападнати од овие летечки пакосници за разлика од оние со група А. Исто така крвопијците се фанови на јаглеродниот диоксид – го чувствуваат гасот од околу 50 метри и го ловат пленот. Што значи дека луѓето со големи тела и побрз метаболизам се почест предмет за напад.
Комарците ги обожаваат бремените и жените доилки, бидејќи ги привлекува и мирисот на млечна киселина, па бремените жени се двапати почесто напаѓани од останатите припаднички на понежниот пол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


