| четврток, 6 декември 2018 |

Додека Владата и СЕКЕ координирано лажат – вистината за врската меѓу Заев и Савидис излегува на виделина

Кратката проверка на интернет целосно ги фрла во вода тврдењата на „СЕКЕ“, дека компанијата нема сопственичка структура поврзана со Савидис. На интернет-страницата на компанијата, посочена во демантот на СЕКЕ за поврзаност со Владата на Република Македонија, јасно стои дека се работи за сопственост на Савидис. Како содружници во компанијата се споменуваат токму нивната компанија „СЕКЕ АД ГРЦИЈА“, заедно со банката АТЕ, и Донски Тобако, а сите се сопственост на Савидис, објави „Економски лидер“.

Кратко по објавувањето на сознанијата на Економски лидер за поврзаноста на рускиот финансиер Иван Савидис, кој е близок до Владимир Путин и Владата на Република Македонија, владиниот портпарол Миле Бошњаковски на Твитер ја демантира веста со стандардната синтагма „лажна вест“, без воопшто дапоткрепи што е лага. Уште полошѓо, Бошњаковски најави дака компанијата „СЕКЕ“, која е во сопственост на Савидис, ќе прати соопштение со демант. Ако нема никаква поврзаност помеѓу власта и бизнисменот близок до Владимир Путин (како што тврди Бошњаковски), како тој се искоординирал со компанијата за помалку од еден час е прашањето кое виси по неговата изјава, коментира Економски лидер.

„Информацијата објавена на порталот Лидер со наслов “Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести!” е целосно неточна и е лажна вест. Премиерот Заев нема никаква поврзаност со компанијата од текстот. Наскоро соопштение од компанијата Секе од Крушево“, објави Бошњаковски на Твитер.

Дали Бошњаковски сакајќи да демантира, ја потврди поврзаноста на власта со рускиот бизнисмен Савидис?

 

Кратко по нарачката на Бошњаковски, „СЕКЕ“ го достави соопштението насловено „Демант од „СЕКЕ” Прилеп за поврзаност со рускиот бизнисмен Савидис и Владата на РМ“. Од компанијата демантираат дека Заев е поврзан со Савидис, но во исто време демантираат дека тој е сопственик на нивната компанија.

Компанијата „СЕКЕ“ АД Грција, чиј полн назив е КООПЕРАТИВНО ЗДРУЖЕНИЕ НА ТУТУНО-ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ГРЦИЈА СЕКЕ АД, е основана во 1947 година и до денес ја нема променето својата сопственичка структура. Доколку постоеше добра и аргументирана намера на авторот на текстот, тој секако ќе се соочеше со информацијата дека компанијата која е во сопственост на рускиот бизнисмен Иван Савидис има назив „СЕКАП“ АД ГРЦИЈА (SEKAP SA) и претставува потполно различен субјект кој нема никаква поврзаност со СЕКЕ АД Грција“, стои во соопштението на СЕКЕ.

Дека „СЕКЕ“ и „СЕКАП“ имаат заедничка партнерска, сопственичка структура потврдуваат и грчките медиуми. По што станува јасно дека власта и високи функционери се вплеткани во мрежата на Иван Савидис.

Грчките медиуми потврдуваат дека компанијата е во сопственост на Иван Савидис. Премиерот Заев ја посети неговата компанија.

Дека „СЕКЕ“ е на Савидис, пишуваше и бугарскиот медиум 24 часа, а на истата тема пишуваше и провладиниот неделник „Фокус“, според кој надлежни институции во земјава испитуваат дали Савидис е поврзан со две компании со странски капитал што дејствуваат во тутунскиот сектор во Македонија.

Руско влијане во Македонија има, но кај Заев – премиерот вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top