Најмалку 17 лица загинаа во невремето што оваа недела ја погоди Италија, а во поплавата кај Палермо, во Сицилија, девет лица го загубија животот викендов.
Италијански медиуми јавуваат дека реката, која надошла од обилниот дожд, преплавила куќи во руралната област кај Палермо, при што загинале девет лица – членови на двете семејства кои заедно го поминувале викендот.
Државното радио јави дека ноќеска едно лице ја преживеало поплавата цврсто држејќи се за дрво.
Италијански медиуми јавуваат дека денеска две лица исчезнале во близина на Сицилија, откако поројот го однел нивните автомобили, меѓу кои и автомобилот на лекар, кој се упатил во болницата во Корлеоне.
Обилни дождови вчера наврнаа во Сицилија, неколку дена откако бури го погодија голем дел од северна Италија.
Две лица деновиве настрадаа од удар на гром. Едниот од нив, турист од Германија. Поголемиот дел од оние кои го изгубија животот, настрадаа поради урнати дрвја.
Според проценката на Здружението на италијанските компании, околу 14 милиони дрвја се уништени во невремето.
Најголема штета претрпе областа околу Венеција, каде поради одрони селата и патиштата беа отсечени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст