| четврток, 6 декември 2018 |

Судир на два крузера поради силно невреме во Италија (Видео)

Крузерот „Селебити констилејшн“ на 29 октомври удрил во „Коста маџика“. Несреќата се случила во пристанишниот град Ла Специја, северозападна Италија.

Два огромни прекуокеански крузера се судрија, и тоа додека биле закотвени во италијанското пристаниште. Причина за ваквиот судир е силната бура што минатата недела ја погоди Италија.

На снимката се гледа како крузерите удираат еден во друг, но за среќа, според кажувањата на патниците, не е причинета посериозна материјална штета и нема повредени патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top