| четврток, 6 декември 2018 |

Луѓето кои порано почнуваат со новогодишното украсување се посреќни

Сите знаеме дека најдоброто нешто за Божиќ и Нова година не се самите денови, туку возбудата додека се подготвувате и ги чекате. Овој период е полн со божиќни филмови, украсување, семејни собири и вистинска празнична еуфорија. Речиси секој сака овој период да трае вечно бидејќи сепак е еден од најсреќните во годината.

Изгледа дека луѓето кои порано почнуваат со подготовките за Божиќ и Нова година се всушност многу посреќни. Според психијатарот Стив МекКеон, овие луѓе се повозбудени за животот, што очигледно е добра работа.

Стив нагласил дека носталгијата што се јавува во овој период нè враќа во детството – период кога сме немале обврски, работа, сметки, стрес…

„Иако постојат бројни причини зошто некој би бил опседнат со раните подготовки, најчесто причината е носталгијата и обидот да се преживее магијата на минатото. Во свет полн со стрес и анксиозност, луѓето сакаат да прават работи што ги прават среќни, а новогодишните декорации ги враќаат убавите чувства од детството. Декорациите се како сидро или пат кон овие волшебни емоции и возбуда.“

Носталгијата за време на празничниот период исто така нè потсетува и на саканите кои повеќе не се со нас.

„Можеби празниците служат како потсетник за времињата кога некоја сакана личност била жива. А можеби гледањето во божиќните дрва ве потсетува на времињата кога сè уште сте верувале во Дедо Мраз.“

Но тоа не е сè. Наводно, луѓето кои сакаат да го украсуваат домот и однадвор се попријателски настроени за разлика од нивните соседи.

Па доколку ја чувствувате празничната еуфорија уште сега, што чекате? Пуштете си го омилениот божиќен филм, направете варено вино и почнете да размислувате за вашите декорации. Не грижете се за оние кои ќе ви судат, очигледно вие сте многу посреќни од нив.

crnobelo.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top