| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите не го забораваат: Овации на „Џузепе Меаца” за Горан Пандев (видео)

Македонскиот репрезентативец, Горан Пандев немаше многу успех со својот клуб Џенова на денешниот дуел со Интер во Милано. Џенова загуби со 5-0, Пандев беше сменет во почетните минути на второто полувреме, но Македонецот сепак ќе го памти и по убаво овој натпревар со оглед на громогласните аплаузи што присутните на „Џузепе Меаца” ги упатија кон него.

Пандев своевремено настапуваше за Интер, а беше дел од составот кој ја освои тројната круна со Интер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top