| четврток, 6 декември 2018 |

Старбакс следната година отвора над 2 000 нови локации

 

Светски познатиот синџир кафитерии „Starbucks“ планира да отвори уште 2.100 локации ширум светот во следната година. Компанијата ги објави своите планови за време на презентацијата на финансиските резултати за третиот квартал од оваа година, објави „CNN“.

Во разгледуваниот период, „Starbucks“ додаде нови 600 трговски објекти кон своето портфолио, па така веќе под овој бренд во светот работат над 29.300 кафетерии. Во изминатата 2017-та година, компанијата отвори 2.300 нови локации.

Извршниот директор Кевин Џонсон наведува преку во 2019-та година, компанијата ќе се фокусира кон пазарите со ветувачки раст на долг рок, имено САД и Кина.

Приходот на „Starbucks“ пораснал на 6,3 милијарди американски долари во кварталот, што претставува зголемување од 11 отсто за период од една година. Продажбата забележа пораст од 4% во САД и 1% во Кина.

Компанијата издвојува неколку причини за доброто претставување на домашниот пазар, меѓу кои е растот на побарувачката во попладневните часови, зголемување на ефикасноста на вработените во трговски објекти и зголемениот кориснички ентузијазам кон ладните пијалоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top