| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо по денешната победа: Од вакви мечеви ми побелува косата

По денешниот триумф на Манчестер Јунајтед на гости против Бурмаут (1-2), португалскиот тренер Жозе Мурињо изјави дека е тренер со најмногу среќа во англискиот фудбалски шампионат.

– Катастрофа бевме во првото полувреме. Игравме лошо, ужасно во одбрана и можам да кажам дека имавме многу среќа. Со таков настап не можете да убедите луѓе дека нешто работите на тренинзи низ неделата. На полувреме помислив дека сум тренер со најмногу среќа во Премиерлигата бидејќи Борнмут требаше да води со 5:2 или 6:2, истакнал Мурињо.

– Вториот дел беше поинаков од првиот. Создадовме многу шанси, бевме внимателни и агресивни. Не можам да поверувам колку лошо почнавме. Не бев на загревањето, но асистентите ми рекоа дека тоа било едно од најдобрите во сезоната. Фудбалерите мора да знаат дека мора да бидат стабилни кога ќе загубат топка. Ние стабилност не покажавме. Не можам да го сфатам тој менталитет поради кој ми побелува косата, додал „специјалниот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top