| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп во јануари ќе снима во Србија

 

Познатиот холивудски актер, Џони Деп ќе ја посети Србија во јануари следната година за снимање на филм за воениот фотограф Јуџин Смит. Снимањето на филмот „Минамата”, именуван по болеста предизвикана од труење со жива, ќе започне во Јапонија, а потоа ќе продолжи во Србија.

Дејствието на филмот ќе се занимава со работата на Смит во списанието „Лајф” и со фото есеј од 1972 година, преку кој Смит ќе го претстави на пошироката јавност ужасот на болеста Минамата, откриена во Јапонија во 1956 година.

Ендру Левитас ќе го режира сценариото на Дејвид Кеслер, а според книгата на Јуџин Смит и неговата сопруга Ајлин Миоко Смит, „Минамата: приказна за труење на градот и луѓе кои одлучија да го носат бремето на храброст”.

Смит е еден од најистакнатите американски фоторепортери и „можеби најважниот американски фотограф во развојот на уреднички фото есеи”, пишува „Гардијан”.

Џони Деп претходно беше во Србија во 2010 година кога учествуваше на фестивалот „Кустендорф”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top