| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарци му вратија на Мешков Брест – нова победа во Лигата на шампионите

Вардар го совлада Мешков Брест со 7 гола разлија во вечерашниот меч кој се одигра во рамките на шестото коло од ракометната Лига на Шампиони. Вардарци победија со 30:23, а победата си ја одработија последните 15 минути, кога беа и најдобри на терен.На полувреме резултатот беше 14:14.

Оваа победа беше буквално и реванш за оној пораз од Мешков Брест во СЕХА првенството од пред некој ден.

Игор Карачиќ имаше свој натпревар, постигна 11 голови, по 6 постигнаа Тимур Дибиров и Иван Чупиќ.

Вардар следниот меч во ЛШ го игра против големата Барселона, во Скопје на 11-ти овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top