| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Ова е недомаќинско работење и за тоа имате толкава ниска стапка на капитални расходи

„Кога пратениците предлагаат средства за капитални расходи или за решавање на проблеми, да се набават електрични возови, да санираме корита, да им помогнеме на граѓаните, е тогаш се одбива. Oва е се што треба граѓаните да знаат за начинот како се планира буџет во Република Македонија“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на собраниската Комисија за финансирање и буџет која денеска ја продолжи расправата за предлог измените и дополнувањата на Буџетот.

-Кога се бара за некоја институција за тековно работење за која што немаме никакви материјални податоци колку пари од тоа се потрошиле по кафани и по хотели тогаш се прифаќа без проблем, е ова е иронијата и ова е недомаќинското работење и за тоа имате толкава ниска стапка на капитални расходи, потенцираше Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top