| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиевски: Една година од свиеропото убиство на младиот фудбалер Јанушев, убиецот е се уште на слобода

Зоран Заев, Оливер Спасовски и криминалниот картел под нивна контрола го штитат убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Цела година по ладнокрвната ликвидација, убиецот се уште шета слободен. Нема пресуда, нема ниту обвинение! Истрагата трае! Да не беше трагично, ќе личеше на шега. Не само што го оставија убиецот да се прошета слободно после свирепиот акт, туку се гледа дека му било помогнато да ја напушти Република Македонија! Невладините организации молчат, а самодекларираните борци за човекови права гледаат да се прескокне 3-ти ноември и да не се бара одговорност од Спасовски, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и додаде:

„Се надеваат дека ќе се заборави на тагата и на семејството и на пријатели. “Ми отиде детето од неранимајковци…“- со овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил. Тој тогаш ја објави и фотографија од вечниот дом на Мартин. Зошто и кој го покрива убиецот цел година? Дали заради информациите за поврзаност со агенција за обезбедување која беше под директна контрола на криминалниот картел на власт? Зошто молчат невладините кои се креваа на протести и кога убиства се расчистуваа за 48 часа, а во рок од 8 месеци имаше и правосилни пресуди? Дали на нив им се јавил некој од власта да им каже дека животот на Мартин Јанушев е помалку вреден од долгот кои тие го имаат кон убиецот?“

-Скопје е небезбеден град, а Оливер Спасовски е во коалиција со криминалот. Гледаме брутални ликвидации на најфреквентните улици, а убијците се шетаат на слобода и никој не ги гони. Првин во јавноста минуваше мислењето и оправдувањето дека е тотално неспособен Оливер Спасовски, но после една година да не може да се пронајде и однесе во затвор убиецот, какво било оправдување е бесмислено. Само доколку Спасовски си поднесе оставка, Скопје може да стане побезбеден град, а криминалците конечно да се соочат со правда, потенцираше Ѓорѓиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top