| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус го нуди Даниеле Ругани за Гркот Манолас

Неколку италијански медиуми денска пишуваат дека иако Јувентус летово одбил неколку понуди од Челси за стоперот Даниеле Ругани, во моментов се водат преговори и постои реална можност 24-годишниот Ругани зимово да замине во Рома во замена за  поискусниот Костас Манолас.

Според наводите на повеќе медиуми меѓу кои и ФудбалИталија, челниците на Старата дама сметаат дека Гркот допрва треба да го достигне својот врв. Манолас е клучен првотимец кај „волчицата“, а минатата сезона во Лигата на шампионите одигра клучна улога на патот на тимот до полуфиналето од ова натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top