| четврток, 6 декември 2018 |

Групна тепачка вчера во Тетово: Полицијата ги двоела, еден повреден

Ноќеска пред угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово забележале група од околу пет до шест непознати лица кои меѓусебно се пресметувале. Полициските службеници презеле мерки, при што еден полициски службеник бил удрен од А.Ј. (20) од Тетово.

А.Ј е приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а потоа во полициска станица се приведени уште три лица.

За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top