| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбените го препознале во полиција: Млад скопјанец на жени им кинел златни ланчиња од врат

СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје, поднесе кривична пријава против Л.С. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин.

Пријавениот ги извршил делата во периодот од 10.09.2018 до 29.10.2018 година, од кои две на подрачјето на Полициската станица Центар и една на подрачјето на Полициската станица Кисела Вода. Л.С. се доближувал до оштетените и им ги кинел златните ланчиња од вратот.

Во Полициската станица Кисела Вода било извршено препознавање од оштетените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top