| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругата го пријавила во полиција: Во претрес кај тетовец предадени два питшоли

Вчера околу 18 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на М.О. (32) од Тетово, а во врска со пријава од неговата сопруга за нанесена телесна повреда.

Пред почеток на претресот, неговиот татко З.О. предал пиштол, една празна рамка, дозвола за поседување и носење на оружје на име Џ.О. и еден сигнален пиштол со празна рамка калибар 9мм.

Тие биле одземени со потврда за привремено одземени предмети.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top