| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен Алек Болдвин – се степал за паркинг место (видео)

Славниот холивудски актер Алек Болдвин беше уапсен од страна на полициските службеници поради тепачка за паркинг место пред неговата куќа во Вест Вилиџ во Њујорк.

Болдвин е обвинет за напад и закани кон возач кого го удрил со тупаница поради паркинг место пред неговата куќа во Њујорк. Тој беше приведен, откако предизвика инцидент, изнервиран дека друг возач му го зазел паркинг местото на кое чекал. По кавгата, Болдвин го удрил човекот со тупаница по лицето.

Жртвата била однесена во болница, бидејќи се жалел на болки на левата страна на главата. Болдвин е пуштен од притворот, а следниот месец ќе се појави на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top