| четврток, 6 декември 2018 |

Според одбраната сведочењето на претседателот на комисијата за “Сончев град” е контрадикторно и се коси со доказите

Во кривичниот суд вчера на рочиште за случајот „Топлик“ се сослушуваат сведоци предложени од страна на СЈО.
Емилија Путилин вработена во министерството за транспорт и врски и претседател на комисијата во 2007 која расправала по предметот “Сончев град”, изјави пред судот дека не се сеќава на записникот и недостатоците кои ги имал локалитетот. Записникот од седницата Путилин рече дека го составила заедно со колешките неколку денови пред неговото потпишување на 3 април 2007, но не го предала веднаш на тогашниот министер и обвинет во случајот Миле Јанакиески.

Одбраната се обиде и успеа во вкрстеното поставување на исти прашања кои претходно биле одговорени во СЈО, а вчера различно одговорени во судот, да го дискредитира сведокот. Сведочењето на Путилин според адвокатите е контрадикторно и се коси со доказите.

Исто така, при потпишувањето на записникот, таа потврди дека не била присутна во министерството бидејки била на боледување, па затоа документот останал без нејзиниот потпис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top