| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал ќе ја стресе Европа: Светска ѕвезда паднала на допинг, УЕФА и ФИФА криеле?!

Откако германски „Шпигел“ ја почна кампањата против Кристијано Роналдо околу наводната афера со силување, повикувајќи се на документи од САД и од вонсудската спогодба, овој весник вчера ја стресе Европа со објавите за идејата на Баерн Минхен и европските великани да се одметнат и да формираат Суперлига, како и со фактот дека УЕФА им прогледувала низ прсти на ПСЖ и Манчестер сити, создадени со петро-доларите и тоа благодарение на Џани Инфантино.

Но, веројатно најголем скандал во најавата на 15-те големи афери кои ги подготви „Шпигел“ со истражувачките новинари е скандалот со допинг на една светска ѕвезда од врвен клуб, кој освојувал Лига на шампиони во изминатиот период. Засега стои само најава за допинг, според која многумина се посомневаа дека станува збор за фудбалер на Реал Мадрид, зооглед дека „кралевите“ во последните пет години, дури четирипати беа европски прваци.

Сепак, треба да се сочека веста за која сега сите треперат, затоа што позитивниот допинг-тест плус е скриен од УЕФА и од ФИФА, како и од Светската анти-допинг агенција (ВАДА), кои после секоја сезона објавуваат дека во европскиот фудбал нема допинг и дека тој е чист, исто како најголемите репрезентативни турнири.

Според објавите, истражувачките новинари имаат 1,6 терабајти документи, во бројка од некаде преку 18 милиони, од т.н. „Фудбал Ликс“, еден вид фудбалски „Викиликс“, кој ги отвора најголемите тајни во светскиот фудбал. Пред два дена ФИФА објави дека хакери ги нападнале и „украле конверзација и документи од светската организација“, па сооглед дека Инфантино е претседател на ФИФА можно е дел од документите да се најдат плус во истражувањата.

Инфантино вчера беше на удар дека со ПСЖ и Сити договарал како да се изигра „финансискиот фер-плеј“, во кој процес бил вклучен и бившиот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, а тие патем биле дел од „катарската шема“ за арапската земја да го добие СП 2022, нешто за кое француските медиуми веќе го објавија под името „Катергејт“ со докази дека инвестицијата во ПСЖ од Катар, како и во телевизијата Беин е договорена помеѓу Платини и Николас Саркози, а за возврат тие да лобираат арапската земја да биде домаќин на СП, што на крајот и се случи. Но, таа афера потоа со функции и суспензии ја платија дел од членовите на Извршниот комитет на ФИФА, како и првиот човек Сеп Блатер, Мишел Платини…

Извор: Спорт1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top