| четврток, 6 декември 2018 |

Еднаш ќе мораме да се обединиме против ова зло и против овие геноцидни скромноумници од нашиот род!

Да се свртиме кон себе и заеднички да дојдеме до решение, апелира професорот Горазд Росоклија.

– Свесноста дека Македонците во Македонија стануваат граѓани од втор ред, дека земјата е во економски колапс, дека Македонците остануваат без македонската историја, барем во учебниците, онаа вистинската никој не може да ја избрише, особено не битанги кои не учествувале во нејзиното созадавање, дека заедно со историјата од мапите на светот се брише и македонската нација…кај многумина во Македонија создава чувство на безнадежност и ги прави лути на секого освен сами на себе.

Небитно е да објансувам што јас сум правел и правам за Македонија, но кога Македонците кои се во Македонија ќе не прозоват нас во дијаспората, што сме направиле ние како група, имам еден одговор.

Ние бевме тие кои некаде обезбедивме, некаде во голема мера допринесовме за признавање на Република Македонија од земјите во кои живееме, под нејзиното уставно име, што значеше и признавање на постоење нација, историја, јазик.

И нормално беше да го направиме тоа!

Овој шљам кој го уништува создаваното од генерации Македонци, ние не ви го избравме, тие се ваша заслуга.

Ова не е пост за барање виновници, ова е пост за свртување кон себе и наше македонско обединување.

Почеток за решавање на секој проблем е согледувањето која била нашата улога во неговото создавање.

Еднаш ќе мораме да се обединиме против ова зло и против овие геноцидни скромноумници од нашиот род!

Би било мудро и полезно тоа да биде веднаш, сега!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top