| четврток, 6 декември 2018 |

Се истепал за паркинг, уапсен Алек Болдвин

Холивудскиот актер Алек Болдвин е уапсен денеска во Њујорк поради тепачка за паркинг место.

Полицијата соопшти дека Болдвин (60) е приведен на Менхетн, откако удрил возач кој „се уфрлил“ на местото каде што тој сакал да паркира.

Во 2014 година, исто така на Менхетн, полицијата го приведе Болдвин бидејќи возеше велосипед во спротивен правец во еднонасочна улица и притоа ги пцуел полицајците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top