| четврток, 6 декември 2018 |

Босанецот кој ја сака Македонија повеќе од некои Македонци: Една земја е пример за сите неправди на овој свет!

Една земја, еден народ, древната цивилизација на Македонците. Тие се пример за сите неправди на овој свет! Вака во видеото кое никој нема да остави рамнодшен, Босанецот Сафет Куртовиќ од Велика Кладуша ја опишува вековната наша голгота.

Овој вљубеник во Македонија, чија група за земјава беше банирана од страна на грчки активисти на „Фејсбук“, секојдневно објавува за неправдите со кои се соочува нашата земја.  Сафет кој очигледно добро ја познава историјата и граѓанската војна во Грција е оштар кон македонските политичари кои ги нарекува со погрдни зборови.

Сите молчат за злосторствата, прогоните, убиствата, силувањата, осакатувањето на Македонците во Грција, пишува Босанецот од Велика Кладуша Сафет Куртовиќ.

  • Се срамам што живеам во време кога сите се тресат со главата и молчат пред фашизмот кој постоел повеќе од 100 години. Денес, овие номади од Северна Африка, кои ја окупираа земјата на домашните Македонци, ја уценуваа македонската вековна Македонија, барајќи да украдат не само повеќе земја, туку и култура и историја, и да им го избришат идентитетот на Македонците – пишува Сафет во еден статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top