Случајот кој повеќе од година дена ја вознемирува српската јавност, пред неколку дена доби трагичен епилог. Деветнаесетмесечнaта Милица, која нејзиниот татко ја тресна од земја кога беше стара само 15 дена, пред неколку дена почина поради компликации предизвикани од повредите со кои се здоби при падот.
Нејзиниот 24-годишен татко Миломир Станковиќ, во февруари минатата година го истури бесот врз неа по расправија со мајката на неговата сопруга. Таа му префрлила на својот зет дека психички и физички ја малтретира неговата сопруга, по што тој прво ја нападнал неа, па новороденчето.
Милица е погребана денес. На погребот, рака под рака, заедно се појавија нејзините мајка и татко. Мајката на Милица, му прости на таткото кој и пресуди. На погребот бил и дедото, кој не разговара со својата ќерка откако таа се смири со Миломир.
Миломир в полиција се правдал дека бебето само му паднало од раце. Против него е покрената постапка за семејно насилство и му претат 15 години во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст