| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан возач прегази трудница: Борбата за живот ја загуби и новороденчето

Дваесетиседумгодишна трудница, нејзиното новороденче и кучето миленик смртно настрадаа откако пијан возач ги прегази на пешачки премин. Несреќата, која се случи во саботата во Марибор, ја остави Словенија во шок.

Позади воланот, со 1,7 промили алкохол во крвта, возеше 29-годишниот Мартин П. Жената во доцна бременост и нејзиното куче, ги покоси без кочење. Автомобилот застанал дури по 200 метри од местото на несреќата.

Девојката почина во болница кратко откако беше примена со тешки повреди, а новороденчето беше донесено на свет со царски рез. Пет дена по несреќата и тоа ја изгуби битката за живот, пренесуваат словенсите медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top