| четврток, 6 декември 2018 |

Милионерска брачна двојка криеле роб на својот имот

Во Чилворт, место во близина на Саутемптон, уапсена е брачна двојка под сомнение дека повеќе години чувала роб во шупа на својот имот.

На вилата вредна милион и двесте илјади фунти двојката во заробеништво држела Полјак, кој бил принуден да работи за храна.

„Дејли мејл“ објави дека станува збор за педесет и шестгодишна универзитетска професорка и нејзинот сопруг.

Полјакот тврди дека единственото нешто што му било дадено од двојката биле пластична лежалка за спиење и бајата храна. Тој вели дека во бараката во која бил затворен немал пристап ниту до тоалет. По четири години, неговата здравствена состојба се влошила.

Работите почнале да се откриваат кога човекот побарал медицинска помош во болница.

Полицискиот офицер Тони Брн, изјави за Би-би-си дека целата ситуација е многу страшна.

„Немало греење, ниту постелнина. Ваквите постапки се навреда за секое човечко суштество“, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top