| четврток, 6 декември 2018 |

Автопатот Кичево – Охрид ќе чини дополнителни 187 милиони евра

Со новиот трет анекс на договорот со изведувачот на градежните работи кинески „Синохидро”, што го усвои денеска на седница Владата по едногодишни преговори, се утврдени дополнителните финансии со кои на терен се најавува интензивирање на градежните работи за автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри.

– По една година домаќински преговори успеавме да направиме заштеди од 95 милиони евра. Ако се продолжеше со реализација на договорот по старите цени дополнителните работи би чинеа 282 милиони евра, а со новите сега тој износ е 187 милиони евра, рече на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потенцирајќи дека проектот е доведен во исправна состојба.

Дополнителните 187 милиони евра, откако анексот ќе биде усвоен од Собранието, ќе се обезбедат со кредит од кинеската Ексим банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top