| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија, Грција, Србија и Романија ја сакаат организацијата на СП во фудбал во 2030

До 2030 година Бугарија, Грција, Србија и Романија ќе аплицираат за да бидат домаќини на Светското првенство во фудбал, изјави премиерот Бојко Борисов на прес-конференција.

На неколкучасовниот состанок на лидерите на четирите земји освен за кандидатурата за СП, станало збор и за енергетската безбедност, инфраструктурата и престојното романско претседателство со Европската Унија.

Претходно Борисов посочи дека фактот што денеска се одржува втор состанок во ваков формат, во изминатите шест месеци е доказ за продуктивноста на средбите која придонесува за продлабочување на регионалната соработка и за развој на добрососедските односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top