| четврток, 6 декември 2018 |

Лажни бугарски пасоши: 4 уапсени во Србија

Четворица граѓани од Пирот, Димитровград и Ќуприја се уапсени поради сомневања за примање поткпуп за издавање лажни документи за добивање бугарски пасош, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Србија.

!Приведени се 60-годишниот М.Ж. , кој работел во општина Пирот, 38-годишниот лекар А.И. и 39-годишен Д.М. од Димитровград како и 68-годишниот В.И.. од Чуприја. Сите тие се осомничени за давање и земање поткуп со цел издавање на лажни документи за добивање бугарски пасоши“, се вели уште во официјалното соопштение на српското Министерство за внатрешни работи, пренесува БГНЕС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top