| четврток, 6 декември 2018 |

Ангела Меркел го носи презимето на нејзиниот поранешен сопруг, а со сегашниот ретко се појавува

Ангела Меркел пред два дена објави дека ја напушта челната позиција на ЦДУ и дека повеќе нема да се кандидира за германски канцелар. Најмоќната политичарка во светот е родена во Хамбург во 1954 година како Ангела Доротеа Каснер, ќерка на протестантски свештеник кој заради работа се преселил со семејството во комунистичка Источна Германија.

Меркел се истакнувала како одличен студент за време на своето образование, а откако дипломирала физика, таа се преселила во Берлин и се вработила во Академијата на науките. Докторирала во 1986 година и објавила неколку научни трудови од областа на хемиската физика.

Во 1977 година, таа се омажила за колегата Улрих Меркел, но нејзиниот брак траел само пет години. Таа го задржала презимето кога се омажила по вторпат во 1998 година за Јоаким Зауер. Со Зауер сè уште е во хармоничен брак, иако ретко се појавуваат заедно.

Ангела Меркел нема деца, но нејзиниот сопруг има две од неговиот последен брак.

makfaks.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top