Денес еден од старите автобуси на ЈСП се запали во центарот на Скопје. Градоначалникот на Скопје, Петра Шилегов, ги става животите на граѓаните во опасност, пишува Курир.
Во вчерашната емисија градоначалникот Петре Шилегов, се расфрлаше со ветувања дека до крајот на годината најдоцна до другата година ќе обезбеди еколошки автобуси.
Дури и со критики до мината власт кажа дека во Битола не пратил од новите автобуси дека тие веќе не се нови, стари се 7-8 години, и дека не се прикладни двокатните автобуси за во Битола.
Додека овие двокатни автобуси ги чува по град Скопје граѓаните се возат со старите автобуси од минатиот век.
На новинарско прашање на КУРИР од ЈСП одговорија дека не станува збор за пожар, туку за дефект на автобусот.
-Внатрешната контрола на ЈСП утринава има регистрирано случај на расипан автобус на Рекорд, возило од постарата генерација (Санос),кој сообраќал на линијата 24. Автобусот не се запалил, туку во моментот на предизвикан дефект со бош пумпата, настанало моментално задимување. Немало потреба од интервенција на Противпожарната служба, ниту пак, има било какви последици по патниците кои во моментот се превезувале во автобус. Возилото веднаш биле повлечено во гаража, стои во одоворото на ЈСП.
Сепак сведоците од терен тврдат дека животите на стотици луѓе секојдневно се во опасност поради старите неисправни автобуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.