Во Монтреал, Канада, докторите ќе можат да препишуваат бесплатни посети на музеи за пациенти со различни здравствени проблеми од депресија и дијабетес до некои хронични заболувања.
– Сега е 21 век и културата денес е она што беше физичката активност во 20 век – предвидува Натали Бондил, директорка на Музејот на современа уметност во Монтреал. Иновативната институција веќе е фокусирана на уметност и благосостојба. Програмата е наречена The Art Hive. Сега музејот соработува со Médecins Francophones du Canada, асоцијација на доктори кои зборуваат француски и им овозможува на докторите да препишуваат лекување со уметност.
– Има повеќе научни докази дека лечењето со уметност е добро за дравјето на луѓето. Тоа го зголемува нивото на кортизол и нивото на серотонин или хормонот на среќата. Ние излачуваме хормони кога посетуваме некој музеј и тие хормони се одговорни за нашето здравје – велат од асоцијацијата.
Докторите додаваат дека уметноста има сличен позитивен ефект како и вежбањето. Од 80-тите години тие препишуваат вежбање затоа што знаат дека вежбањето ги излачува истите хормони. Но, сега е познато дека и посетите на музеј можат да го подобрат општото здравје на луѓето од сите возрасти и е одлична алтернатива за сите што не можат или не сакаат да вежбаат.
Посетувањето музеи може да им помогне и на луѓе со физички и на луѓе со психички проблеми. Музејот ќе дозволи докторите да препишуваат до 50 бесплатни посети годишно за еден пациент и за тој што се грижи за него. Секој рецепт може да го искористат максимум двајца возрасни и две деца помали од 17 години. На тој начин „културната терапија“ нема да им помогне само на тие што веќе се болни, туку ќе дејствува и како превентивна грижа кај тие што ги придруваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст