| четврток, 6 декември 2018 |

„Рајанер“ воведе нови правила поврзани со рачниот багаж

Патниците на најголемата европска нискотарифна авионска компанија „Рајанер“ веќе нема да можат бесплатно во авион да понесат рачен багаж со тежина до десет килограми, согласно новата политика.

Според вчера воведените нови правила, патниците кои сакаат да внесат што и да е поголемо од „мала рачна торба“ ќе мора дополнително да платат освен ако не спаѓаат во категоријата патници со приоритетно влегување во авионот. Приоритетното влегување чини шест евра, а останатите патници кои не ја избрале таа опција ќе мора да платат десет евра за дополнително парче рачен багаж.

Новата политика предизвика гнев на социјалните мрежи и дел од клиентите на таа авионска компанија напишаа дека веќе никогаш нема да летаат со „Рајанер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top