| четврток, 6 декември 2018 |

Болка, солзи, седативи: Три дена по излегување од кома Дарко Лазиќ е исплашен!

Пејачот Дарко Лазиќ кој пред повеќе од една недела доживеа сообраќајна несреќа, пред два дена излезе од кома, а дури сега станува свесен каде се наоѓа и што всушност му се случило.

-Дарко е буден и свесен, плаче и го боли, па сестрите од време на време му даваат седативи. Кога нивното дејство попушта, на интензивна нега каде лежи, се слушаат неговите лелеци. Дарко спие, блада, по малку зборува низ маската и потресен е поради се што му се случило. Се чини дека дури сега станува свесен за состојбата во која се наоѓа и ситуацијата која го затекнала. Му следува долго закрепнување и првите моменти не му се лесни, што се гледа по неговата реакција. Збунет е и уплашен – вели за Блиц извор од болницата.

Како што велат изворите, оргназимот на Дарко е силен и заздравувањето го препишуваат на неговата младост.

-Многу е подобро овие денови, млад е и заздравувањето оди се подобро и подобро. Белите дробови не му прават проблем. Ние чекаме состојбата со внатрешените органи да се стабилизра, а штом тоа се случи, ќе му биде мноду подобро. Организмот му е многу силен – рекол доктор од КБЦ Земун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top