| четврток, 6 декември 2018 |

Снежана и седумте џуџиња чекаат амнестија

Премиерот и осумтемина ги договараат уставните амандмани, Бујар Османи го сефтосува возобновениот лет Атина – Скопје – Атина, ние веруваме дека сево ова е вистина, а Беса тврди дека сè е завршено и всушност „Снежана и седумте џуџиња“ чекаат амнестија. Театар доцна во ноќта.

Според официлајната верзија, на верашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и осумте пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ беше договорено Владата до доцна вечерта во текст да го преточи тоа што е усно договорено за уставните амандмани на средбата во Собранието на Република Македонија. Потоа текстот треба да им биде доставен на осумте пратенци на консултации и по објавувањето на договореното во јавноста од нивна страна во текот на утрешниот ден Владата на седница да ги утврди нацрт-амандманите за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа. На средбата не е прецизирано дали четирите предложени амандмани од пратеничката група ќе бидат инкорпорирани во нацрт-амандманите што ќе ги достави Владата до Собранието, или ќе бидат поднесени како амандамни на амандманите.

Беса, пак, тврди дека нацрт-текстот на уставните амандмани одамна е договорен, се преговара за текст на амнестија, која треба Заев да им испорача на Крсто Мукоски и другите пратеници кои кренаа рака за промена на името на државата.

Генералниот секретар на Беса Аријанит Хоџа, на фејсбук тврди дека на состанокот со Заев, одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не разговарале за уставните измени како што тврдат, туку преговарале за слобода од обвиненијата кои тие ги имаат во врска со 27 април.

„Неколку средби се одржуваат меѓу премиерот Заев и пратениците одметнати од ВМРО-ДПМНЕ, разговарајќи за тема која е надвор од уставните промени како што се “помирување” или “простување” на 27 април, додека во било која изјава премиерот Заев не покажува ниту најмал интерес за отворените прашања во врска со правата на Албанците, односно со зајакнување на правото и еднаквиот статус на сите граѓани.
Ова е “награда” што СДСМ им ја дава на албанските гласачи“, пишува Хоџа на Фејсбук.

Тврдењата на Беса ги поткрепува и фактот дека четирите барања што ги поставија осумтемина на Заев веќе дел од Преспанскиот договор. Единственото барање за кое сега се бара решение е четвртата точка – амнестијата.

Оттука и не чуди брзата реакција на Заев, кој по првата средба со осумтемина одметнати изјави дека иако за него се прифатливи четирите барања на одметнатите, но за нив ќе се консултираат и со грчката влада.

За Заев барањата на осумтемина пратеници се прифатливи, за имплементација ќе се разговара со грчката влада(видео)

-Не мораме, но ќе се консултираме со грчката влада. Драго ми е што, покрај парламентарното мнозинство, и овој дел од опозицијата ќе биде свесен за тоа дека не е загрозен македонскиот идентитет, рече Заев.

Во исто време, додека Заев и Снежана и седумте џуџиња ја одржуваат втората средба, вицепремиерот Бујар Османи е во Атина, на средба со помошник-министерот за европски работи на Грција Георгис Катругалос. Дали Османи замина во Грција токму за тоа – да бара амин од  Грција за амандманите на осумтемина?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top