Петмина другари од Гостивар – Давор Ѓуровски, Александар Јаневски, Дарко Дамјановски, Дејан Дамјановски и Марио Тримчевски освоиле една од поголемите добивки во македонските обложувалници. Тие на два тикети добиле речиси 9.000.000 денари.
На едно ливче освоиле 5.000.000 денари, а на второто 3.663.350 денари.
Добитната комбинација била дело на Давор, а неговите другари решиле да учествуваат во уплатата, која сите ги направи милионери.
– Јас лично го составив тикетот на кој имаше 16 играчи од НБА лигата од кои на 12 типував дека ќе постигнат повеќе поени од маргината, а на 4 дека ќе постигнат помалку. Како поранешен кошаркар кошарката ми е омилен спорт, ги следам тие натпреварите и тоа најчесто играм. Пред да го уплатам тикетот седнав со Александар, Дарко и Дејан на кафе и се договоривме тие да додадат уште некоја сума за да ја засилиме вкупната добивка. Пред да влеземе во обложувалницата, ме сретна и Марио кој одлучи нашето ливчето да го одигра сам. Па така сите погодивме, раскажува Давор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст