Политички сме се разотишле, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за својот однос со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Мицкоски не сакаше да ги коментира обвинувањата изнесени во отвореното писмо што му го упати Мијалков, особено што се работи за внатрепартиски работи.
-Немам што да додадам ниту што да одземам, кусо изјави Мицкоски.
Обвинувањата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков во писмото упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги смета за внатрепартиски работи. Не сакајќи да одговори на писмото што Мијалков му го упати веднаш по исклучувањето од партијата, Мицкоски тврди дека ВМРО поседува докази за сѐ што тврди.
-Сето она што беше како доказ кое ВМРО-ДПМНЕ го поседува и сето она што го има како информација за делувањето на поранешни, но и сегашни членови на партијата, за делувањето ан осумте пратеници кои на тој петок дадоа поддршка за започнување на процесот за уставни измени беше презентирано пред членовите на ЦК, тоа е внатрешна работа на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е за нас затворен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст