| четврток, 6 декември 2018 |

Се простив од животот: Проговоре Словенецот кој издржа 25 часа во невреме на Јадранското Море

Само чудо го спаси словенечкиот сурфер Горан Јабланов, кој во понеделникот на страшното невреме на Јадранот, преживеа и од Умаг стигна до 40 километри оддалечениот Трст. Тој беше пронајден жив откако исчезна во невремето и раскажал за својата 25 часовна агонија.

Горан е инаку професор по физичка култура и препливал речиси 40 километри за да спаси жива глава.

– Сешто ми минуваше низ главата. Прво размислував како да ја решам ситуацијата. Едно нешто што ми падна на памет е дали е сега добар момент да ја оставам даската и да почнам да пливам, изјавил 47 годишниот Јабланов.

Повеќе пати мислел дека е се’ готово и се простил од животот. Цело време се соочувал со ветришта кои дувале над 100 километри на час и бранови повисоки од три метри. Потрагата на хрватските спасувачи била прекината во понеделникот вечерта, а наредното попладне, во вторникот биле известени дека Јабланов излегол жив на плажа во близина на Трст.

Откако поминал еден ден во болница, поради дехидрираност, тој од денеска е на домашна нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top