Во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со најновите оставки во рамките на партијата вели дека веднаш на местата на Даниела Рангелова и Лука Кржаловски се назначени в.д. претседатели на УЖ и УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека во деновите кои престојат ќе биде реформирана структурата на тие две партиски структури, а се очекува и да се распише конкурс за пополнување на овие 2 места.
– Со ова покажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ располага со кадровски потенцијал кој што секогаш е на располагање на партијата и уште еднаш ја потврдуваме тезата дека ВМРО-ПДМНЕ била, е и ќе остане расадник на кадри во иднина но исто така и тезата дека без секого се може. И јас можам да кажам дека во математиката велиме – заеднички делител или именител има во целиот овој случај, претпоставувам од тој центар доаѓа мотивот и за едниот и за другиот чинител кои што се одлучија на овој настан, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст