| четврток, 6 декември 2018 |

Рајн-Некар врза втор триумф по ред, Талески постигна пет гола

Рајн-Некар Левен почна да се враќа во форма, откако го запиша вториот триумф во германската Бундеслига, откако денеска го совладаа Бергишер со 30-25. Натпреварот почна израмнето, па до прво поголемо водство (9-6) стигна екипата на нашиот репрезентативец Филип Талески, па успеаа да ја одржат предноста од три гола до самиот финиш, а на полувремето заминаа со предност од 15-13.

Во вториот дел Рајн-Некар додаде гас, па стигна најпрво до шест гола предност (21-15), а потоа и до максимални осум (29-21), но на крајот триумфираа со 30-25.

Нашиот репрезентативец имаше добар настап, па постигна пет погодоци за неговата екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top