| четврток, 6 декември 2018 |

Јунајтед му става вето на Мурињо?

Изминатиот трансфер период беше кошмарен за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Португалецот не доби ниту еден од посакуваните играчи на „Олд Трафорд“ и имаше тензија помеѓу него и раководството на тимот.

Во текот на сезоната работите се потсмирија меѓу двете страни, но целите на „Специјалниот“ во зима, исто така, по се изгледа нема да бидат донесени во Манчестер. Тој сака да привлече два централни дефанзивци, но клубот одбил таков маневар за време на зимскиот трансфер прозорец.

Претходно оваа недела, беше објавено дека Специјалниот ќе добие 100 милиони фунти за нови играчи, а за нив треба да бидат привлечени двајца дефанзивци и напаѓач.

Сепак, „ЕСПН“ наведува дека шефовите на Јунајтед ќе стават вето на целите на Мурињо вторпат по ред во текот на сезоната. Причината е дека околностите околу престојот на Мурињо на „Олд Трафорд“ се нејасни и не е познато уште колку долго тој ќе остане на чело на тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top