| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје со убедлива победа против Сплит

МЗТ Скопје оствари нова победа на домашен терен во втората АБА лига откако денеска го совлада Сплит со 104-87.

Во првото полувреме дуелот беше израмнет, МЗТ Скопје со тројка на Вудард со звукот на сирената на одморот замина со предност од три поени разлика. Клучна беше играта во третата четвртина која Аеродромци ја добија со 29-22 и во последниот период влегоа со водство од 80-70.

До крајот кошаркарите на МЗТ Скопје не само што ја задржаа предноста туку беа и поубедливи поминувајќи ја границата од 100 поени, на крајот конечниот резултат гласеше 104-87.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top