| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирање синоќа во Кисела Вода: Го грабнале и качиле во кола во која била неговата девојка

Вчеравечер во Полициска станица Кисела Вода, С.Ф. (20) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 01.45 часот во Скопје на булевар „Борис Трајковски“, општина Кисела Вода, по претходно телефонски договорена средба, откако излегол од својот дом, С.К. заедно со уште едно непознато лице насилно го внеле во патничко моторно возило во кое како сопатник била С.Ц..

Додека се движеле, непознатото лице и С.К. физички го нападнале С.Ф., а потоа откако истиот изјавил дека е во љубовна врска со С.Ц., С.К. физички ја нападнал истата.

По ова, во населба Керамидница, С.К. и непознато лице го извадиле С.Ф. од возилото и повторно физички го нападнале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top