| четврток, 6 декември 2018 |

Весна Петрушевска: Имам нов партнер, не кажувам детали за да не ме урочат

Актерката Весна Петрушевска во интервју за „Бекстејџ“ открила дека има нов дечко и е посреќна и позаљубена од било кога. Иако е релативно краток временски период во врска, Весна вели дека конечно успеала да го пронајде вистинскиот и додава дека искрено се надева оти оваа романса ќе потрае.

– Еве ексклузивно ќе ви откријам дека имам партнер, заедно сме многу кратко, но среќна сум и задоволна. Не ви кажувам детали за да не ме урочат, изјавила актерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top