Педофил на велосипед вчера вознемирувал деца во близина на основно училиште во Чаир, јавува 24 Инфо. Според очевидци, педофилот среде бел ден пред ОУ „Живко Брајковски“ им зборувал вулгарности на девојчињата, а некои и ги допирал. Манијакот истото го правел и пред продавница во близина, но веднаш се оддалечувал со велосипедот.
Тој предизвикал вистинска паника кај децата кои се пожалиле на своите родители, како и на наставниците. За случајот била информирана и полицијата.
– Во Полициска станица Чаир е пријавено дека на улицата Хо Ши Мин машко лице со велосипед вознемирувало граѓани. Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот, велат од МВР.
Педофилот бил снимен на безбедносните камери на околните објекти, а од снимките може да се забележи дека станува збор за релативно младо лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст