| четврток, 6 декември 2018 |

Што се крие зад убиството на адвокатот на убиецот на Аркан – откриен таен список за ликвидација

После убиството на Пит Михалик, се појавија информации дека пред смртта добивал закани. Се шпекулира дека адвокатот на убиецот на Аркан бил на црна листа на Радован Крејчир.

Пит Михалик, осуден адвокат на Добросав Гвариќ, осуден за убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој е ликвидиран во вторникот во Кејптаун, бил на список за ликвидација на еден криминалец, осуден чешки мафијаш,а само ден пред убиството добил закани по живот, пренесуваат медиумите.

Постои сомнение дека Крејичир веќе има свој список за ликвидација.

-Постои сомнение дека се убиваат луѓе кои некогаш биле блиски со чешкиот бос, а кои подоцна преминале во спротивниот клан. И самиот Крејичир е испитуван поради убиства – вели соговорник близок до истрагата.

Според неговите зборови, на тој список наводно се наоѓа и самиот Добрсав Гавриќ кој веќе 7 години се наоѓа во притвор во Јужноафриканската Република.

-Од почетокот на 2018 година во Јужноафриканската република убиени се 5 Срби кои се доведуваат во врска со убиството на Аркан, додека еден Србин е тешко ранет. Најпрво во април е ликвидиран Милан Ѓуричиќ Мики, еден од најдобрите пријатели на Гавриќ, а потоа следувале и другите ликвидации. Сите тие се поврзани со Крејичир и неговиот список за ликвидација – вели соговорникот.

Јужноафиканските истражувачи ја испитуваат и можноста ликвидациите да се поврзани со Гавриќ и неговото ангажирање во тајните служби на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top