| четврток, 6 декември 2018 |

Навас: Роналдо постави високи цели во Реал Мадрид

Голманот на Реал, Кејлор Навас, по поразот од ЦСКА Москва во Лигата на шампионите (0:1), го потенцира придонесот на Кристијано Роналдо во успесите на тимот, но рече дека е невозможно да се живее во минатото.

– Дали се грижиме дека во тешките моменти за тимот, луѓето си го спомнуваат отсуството на Роналдо? Кристијано летвичката ја постави многу високо во Реал. Тој постигнал многу голови, но тоа е веќе во минатото, и не можеме да продолжиме да живееме со мисли за тоа. Ние сакаме да бидеме среќни и во сегашниот состав и затоа треба да се обидеме да дојдеме до посакуваните резултати, изјави Навас.

Реал Мадрид се наоѓа во серија од три натпревари без постигнат гол, нешто што последен пат на „кралскиот клуб“ му се случило пред 11 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top