Вчера околу 18.00 часот во СВР Велес, И.Ќ.(62) од Велес пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син М.Ќ.(32).
Според пријавата, додека тој и неговата сопруга К.Ќ.(59) биле во куќата на нејзината мајка А.Б. на улица „Тодор Јанев“ во Велес, дошол нивниот син М.Ќ. и почнал да вика и да им се заканува дека ќе ги убие ако не му дадат пари. Во еден момент тој физички го нападнал неговиот татко, а скршил и дел од покуќнината.
Врз основа на судска наредба, полициски службеници излегле на местото и извршиле претрес во куќата на улица „Тодор Јанев“. Притоа, во собата каде престојува М.Ќ. било пронајдено едно поголемо најлонско пакување со марихуана, кое било одземено и дадено на вештачење. Во собата било затекнато и лицето Ѓ.Б.(29) од Велес и при преглед кај него било пронајдено едно пакување со марихуана, кое исто така било дадено на вештачење. Двете лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст