Обвинителката во случајот „27 април“ Вилма Рускоска на гостувањето во Топ тема на Телма отворено застана во одбрана на тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу зошто не им се јавил на специјалците да реагираат ако проценил дека ситуацијата излегува надвор од контрола.
На прашање од водителката дали Нухиу не можел сам да им се јави на специјалците да дејствуваат, Рускоска рече: „Да, можел“. За потоа да додаде дека на нејзино прашање зошто не го сторил тоа, тој одговорил дека во полиција има хиерархија и дека тој се обратил на луѓето кои по хиерархија биле задолжени за тие единици. Но – можел и тој, според Рускоска.
Дали Рускоска вчера иниректно одговори зошто тогаш Нухиу не е на обвинителната клупа – прашање поставено безброј пати., но заклучоците се извлекуваат сами и без многу објаснување.
Што имаше во доказите презентирани денеска, а беше „пропуштено“ во обвинението за 27 април?
Пред неколку дена на снимките кои се прикажуваат во судот се гледа едно лице кое иако е од собраниското обезбедување, е нем посматрач на движењето на маскираните и немаскираните низ ходниците во Собранието.
Рускоска на прашање на судот кое е ова лице, дали е идентификувано, признава дека не му го ни знае идентитетот, односно и 18 месеци по започнувањето на истрагата за случајот, ОЈО не се обидело ниту да дознае кој е човекот кој ги гледа маскираните и не реагира никако – а не пак да помисли дека можеби и тоа лице има некаква одговорност и треба да биде предмет на истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст