| четврток, 6 декември 2018 |

Заев си знае: Тиранската платформа мора да се спроведе

За албанските опозициски партии цинична е изјавата на Заев во врска со нивните амандмани за унапредувањето на правната положба на Албанците во Уставот. Алијансата за Албанците и Движењето Беса на Билал Касами велат дека нема да се откажат од амандманите, додека изјавата на Заев дека ваквите барања се како Пандорина кутија, ја нарекуваат тенденциозна.

За Заев барањата на албанската опозиција се преамбициозни

Според нив сегашниот Устав не ги задоволувал барањата на Албанците.

  • Тоа е тенденциозна, па дури и цинична изјава. Сметаме дека Уставот на Македонија не ги исполнува барањата на Албанците. Тоа не е отворање на Пандорината кутија. Премиерот Заев кој беше избран и со гласови на Албанците, не смее барањата на Албанците да ги смета како зло кое излегло од Пандорината кутија – рече Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците.

Партиите кои имаат пет пратенички мандати, јасно посочуваат дека уцени нема, но ако нивните амандмани не се имплементираат во пакетот доставен од Владата, тие нема да ги поддржат.

  • Ако премиерот Заев смета дека ова ќе биде отворање на Пандорината кутија, тогаш Движењето Беса сака да го потсети него и јавноста дека токму бај пас политиката прави отворените прашања да бидат горливи и тие само ја преполнуваат Пандорината кутија. Заев ја прифати Тиранската платформа, сега нека ја реализира – рече Билал Касами од Беса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top