| четврток, 6 декември 2018 |

Германија е земја во фокусот на осмата Недела на дизајн во Скопје

Храната е неизбежниот концепт кој секоја година добива ново ниво на вкусови, нови идеи и начини на презентација. Марк Де Јонг, во рамките на гастрономскиот корнер ќе води тридневно гастрономско шоу, каде ќе гостуваат познати личности од културно урбаната сцена. Секој нивен заеднички перформанс ќе резултира со дегустација на подготвените јадења

Осмото издание на Неделата на дизајн во Скопје ќе се одржи од 21 до 25 ноември, во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ и „Лукс“, а земја во фокусот годинава е Германија. СДВ годинава ќе понуди работилници, ЕКСО секција, детски работилници, гастрономски корнер, а влезот за сите посетители е бесплатен.

– Германија годинава ветува одлична содржина преку изложба на 12 врвни дизајн студија, отворени презентации на дизајнерите, посета на производни компании и соработка со производни компании од Македонија кои сакаат да настапат на германскиот пазар. Оваа година, на големо задоволство, во организацискиот дел активна улога зема и Делeгацијата на германското стопанство со канцеларија во Скопје но поддршка даде и Германската Амбасада во Скопје – изјави Александар Велиновски, директор на СДВ.

Главната компонента во програмскиот дел на СДВ  ќе биде фокусирана кон она што значи да се биде дел од светскиот пазар, претставувајќи се на најголемот саем за мебел во светот ИММ Келн. Мебел производителите се клучниот потенцијал на работилницата под ментроство на Хелмут Меркел и Уве Дитерсен наречена „Како до подобра презентација на ИММ Келн”.

Младите дизајнери ќе можат да се „испробаат” и да „купат” знаење преку работилница за дизајн на производ за млади дизајнери под менторство на Инеке Ханс, продукт дизајнер и професор на академијата за дизајн од Берлин.

Во ЕКСПО секцијата, младите дизајнери од Македонија и регионот традиционално изложуваат сопствени производи и се во потрага по производители со кои ќе реалзираат соработка за нивните иновативни решенија да влезат во сериско производство.

Составен дел на викенд програмата се детските работилници кои се работени со посебно внимание со цел преку нивната креативност и чистина да се дојде до совршени решенија за производ или услуга и да се разбуди кретивноста од најрана возраст.

Храната е неизбежниот концепт кој секоја година добива ново ниво на вкусови, нови идеи и начини на презентација. Марк Де Јонг, во рамките на гастрономскиот корнер ќе води тридневно гастрономско шоу, каде ќе гостуваат познати личности од културно урбаната сцена. Секој нивен заеднички перформанс ќе резултира со дегустација на подготвените јадења.

Целодневниот настан, пет дена по ред ќе биде затворан со искуство кое ќе се памети за сите оние кои во подоцнежните часови сакаат да видат добри изложби, да разменат искуства со дизајнери, да направат вмрежување со изложувачите, но и да се забавуваат. Музичката програма како финиш на секоја вечер, ќе понуди премиерни настапи на голем број на бендови и DJ-и од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top